Достапни линкови

Резолуција за благодарност до Македонија во американскиот Сенат


Сенаторот Патрик Леахи поднесе Резолуција до американскиот Сенат во која се изразува благодарност до македонскиот народ и македонската влада за посветеноста и учеството во унапредувањетоп на мирот, демократијата, стабилноста и взаемното разбирање помеѓу владите и народите од светот.
Сенаторот Леахи во овој документ ја истакнува својата почит за здружените напори на владите на Македонија и на САД во борбата против терористичките активности во светот.
Во петокот, 19 конгресмени испратија писмо до американскиот претседател Барак Обама со барање Македонија да биде примена во НАТО на Самитот на Алијансата во Лисабон.
XS
SM
MD
LG