Достапни линкови

Египет ја подржа Палестина за прекин на преговорите


Египет денеска ги подржа Палестинците да не ги продолжат мировните разговори додека Израел не престане да гради на окупираните територии. Египетските власти го повикаа западот да го притиска Израел да воведе забрана за градење на Западниот Брег.
Конечната одлука за напуштање на преговорите, Палестинците ќе ја донесат неделава по самитот на Арапската лига. Мировните разговори прекинаа откако истече израелската забрана за градење доселенички населби на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG