Достапни линкови

МПЦ - Севселенскиот патријарх да помогне во спорот со СПЦ


Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан очекува Севселенскиот патријарх Вартоломеј да помогне во решавањето на спорот меѓу МПЦ и Српската православна црква. Тој ја коментираше изјавата на патријархот Вартоломеј дека ќе дојде во Македонија кога ќе се реши „малиот спор на двете цркви МПЦ и СПЦ“.
Проблемот на едно место на црквата е проблем за сета православна црква, рече г.г. Стефан.
Тој рече дека МПЦ не испратила делегација на устоличувањето на српскиот патријарх Иринеј, што денеска се одржа во Пеќката патријаршија.
Поглаварот на МПЦ информира и дека епископот Гаврил Светогорец наскоро ќе биде прогласен за светец, бидејќи неговата светост била потврдена и видена од верниците и монасите во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Пробиштип.
XS
SM
MD
LG