Достапни линкови

Бразил добива претседателка?


Бразил е на пат да ја добие првата жена претседател на државата. Анкетите покажуваат дека кандидатката Дилма Русеф има подршка од половина од населението и би можела да победи во првиот круг од изборите. Таа до сега беше шефица на кабинетот на претседателот во заминување Луис Игнацио Лула да Силва.
Според анкетите, нејзиниот главен противкандидат, поранешниот гувернер на сојузната држава Сао Паоло, Жозе Сера има 20 отсто помала подршка.
Русеф вети дека ќе ја продолжи политиката на досегашниот претседател. Тој има голема подршка во најголемата јужноамериканска земја, но Уставот не му дозволува по трет пат да се кандидира за претседател.
XS
SM
MD
LG