Достапни линкови

15 години од атентатот врз Киро Глигоров


Денеска се навршуваат 15 години од неуспешниот атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров.
Глигоров го преживеа атентатот, но се здоби со тешки повреди. Загина неговиот возач и еден случаен минувач, а телохранителот и двајца случајни минувачи беа повредени.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата пред хотелот „Бристол“ во Скопје.
Во автомобил ’цитроен ами 8‘ експлодираа 20 килограми експлозив, кога службениот автомобил на Глигоров поминувал покрај ’амито‘. Експлозивот бил активиран со далечински управувач.
Сторителите не се откриени. Истрагата се уште е отворена.
XS
SM
MD
LG