Достапни линкови

Австралиската премиерка го посети Авганистан


Австралиската премиерка Џулија Жилард ненајавено го посети Авганистан. За време на посетата, таа се сретна со претседателот Хамид Карзаи. Жилард ветила дека австралиските војници ќе останат во земјата. Се сретнала и со командантот на НАТО-силите во Авганистан, американскиот генерал Дејвид Петреус. Со него разговарала за префрлањето на одговорноста за безбедноста на авганистанските сили. Таа ги посети и встралиските војници во провинцијата Урузгун.
Ова е прва посета на странска земја, откако Жилард беше избрана за премиерка.
XS
SM
MD
LG