Достапни линкови

Кина ќе купува грчки државни обврзници


Кина има намера да купи уште грчки државни обврзници, изјави кинескиот премиер Вен Џиабао, кој е во дводневна посета на Атина. Тој рече дека Кина ќе вложи големи напори да ги подржи Грција и земјите од еврозоната да ја надминат кризата.
Џиабао нагласи дека Пекинг сака да ги продлабочи стратешките врски со Грција и оти е подготвен да го зголеми увозот на грчки производи. Тој рече дека Кина ќе даде пет милијарди долари во грчко-кинескиот фонд за бродоградба и соопшти дека Кина ќе ги зголеми инвестициите во пристаништето во Пиреја.
XS
SM
MD
LG