Достапни линкови

Ромарио и Бебето се кандидираат за пратеници


Бразилските фудбалските ѕвезди Ромарио и Бебето се кандидираат за место во регионалниот парламент во Рио де Женеиро на утрешните избори.
Речиси е извесно дека Ромарио, како кандидат на Социјалистичката партија на Бразил ќе влезе во парламентот.
Неговиот колега Бебето, кој е кандидат на Демократската работничка партија има помали шанси.
Пред 16 години, на светското првенство во САД, напаѓачкиот тандем го доведе Бразил до четвртата титула светски шампион.

XS
SM
MD
LG