Достапни линкови

САД се извинија за истражувањато со Сифилис во Гватемала во 40 - тите


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и Секретарот за здравство Кетлин Себелиус и се извинија на Гватемала затоа што во 40 - тите години на 20 век американски научници намерно во земјата заразувале затвореници и ментални пациенти со сифилис. Станува збор за експеримент, на тогашната американска влада за да се видат резултати од лечење со пеницилин, како што неодамна открија американските историчари. На Претседателот Алваро Колом лично му се извиниле и Претседателот Барак Обама и поранешниот Претседател Бил Клинтон.
XS
SM
MD
LG