Достапни линкови

САД охрабрени од можноста наскоро во Ирак да се формира влада


Соединетите Држави соопштија дека се охрабрени од информациите оти ирачките лидери ќе преземаат чекори кон формирање коалициска влада, речиси седум месеци по изборите на национално ниво. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјави дека Вашингтон нема фаворит кој би сакал да го види на чело на владата во Багдад.
До оваа изјава дојде откако главниот шиитски блок во Парламентот, Националната алијанса, вчера го поддржа актуелниот претседател Нури ал-Малики да остане на премиерската функција. Овој пресврт е дело на поддршката на влијателниот антиамерикански свештеник Моктада ал-Садр кој реши да го подржи Малики за премиер. Сепак на Малики и натаму му недоставуваат гласови за апсолутно мнозинство во 325-член на Советот на пратеници.
XS
SM
MD
LG