Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, спор за 11-ти Октомври во Прилеп


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нов повод за поделби, овој пат за празникот 11-ти Октомври. СДСМ денеска оцени дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го опструира народниот собир кој СДСМ го закажа за 11-ти Октомври на градскиот плоштад во Прилеп. Имено, општината вчера изготвила програма за одбележување на овој празник, меѓу другото и во истиот термин и истото место каде што СДСМ планираше да го одржи собирот. Сепак од СДСМ велат дека нема да се откажат од собирот. Од општина Прилеп тврдат дека нивната програма била изготвена уште пред еден месец, а градоначалникот Ристески изјави дека политиката не треба да се меша за време на државни празници. На собирот на СДСМ во Прилеп, на 11-ти Октомври е најавено обраќање на лидерот Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG