Достапни линкови

Намалена потрошувачка, затворени фирми, најавени нови отпуштање, долгови на државата кон компаниите...

Долгови на државата кон компаниите, задоцнета исплата на плати за работниците, навестени четири илјади отпуштања во текстилната индустрија, револтирани, но и партиски инструментализирани стечајци. Работништвото во исчекување на економски пораст и заздравување на фирмите, препуштено е на заштита на инаку инертниот Синдикат.
Сите политички партии манипулираат со оваа категорија, што се вика бедна категорија на граѓани во Макеоднија и соучесник за тешката ситуација на овие граѓани е Сојузот на синдикатите.


„Сите политички партии манипулираат со оваа категорија, што се вика бедна категорија на граѓани во Макеоднија и соучесник за тешката ситуација на овие граѓани е Сојузот на синдикатите“, вели Стојан Стојанов, лидерот на стечајците кои го кренаа кампусот пред Собранието и чија социјална помош беше обезбедена преку предизборен договор со премиерот Груевски.

Денес, пак, стечајците од пропаднатите приватни фирми се мета на политичка манипулација со перманентни ветувања:

„Времето покажа дека на пазарот на трудот и покрај бенефициите што ги правеше и претходната и оваа влада, не се атрактивни за работодавачите. Или како што велат и самите - премлади се за пензионери, а престари за да бидат активно вработени“,
Може да сте најликвидното претпријатие, меѓутоа тоа сте на хартија, ако јас не ви платам, другиот не ви плати, и вие неможе да платите и сте
банкрот.
вели екс-премиерот Владо Бучковски.

Транспарент на стечајците на протестот пред владата на 2 март годинава

Тој предупредува дека синдикатите немаат моќ и волја да ги заштитат вработените, а новите законски решенија ги принудуваат работодавачите да манипулираат со намените работници. Со ова не се согласува заменикот министер за труд и социјала Спиро Ристовски..

„Затворање на фирми што нема да пријават работници и енормно големите казни кои што ги воведовме, единствено како резултат и потреба за да се изврши притосок врз работодавачите за да ги пријават работниците, во тој дел државата е бескруполозна и ние преку инспекциските органи одиме и ги заштитуваме сите во целост.“

Во услови на економска криза конечно е реафирмиран социјално-економскиот совет, со сидикални претставници блиски до власта. Еден од нивните лидери Живко Митревски најавува дека приориотети во новото работење ССМ ќе биде обезбедување матерјална сигурност со економски и социјални права на вработените.

„Навистина, во досегашниот период ССМ не успеа да ја реафирмира својата позиција иле не успеа ниту да се реформира во рамките на новите предизвици. Имаме еден нов процес кој што ќе оди во насока на обединување на сите синдикални сили во Македонија.“

Последните статистички индикатори за растечка сиромаштија и незначителниот економски раст ги прави се погласни барањата на бизнис заедницата за намалување на зафаќањата од стопанството.
Иако јавната потрошувачка во последниот квартал е намалена за околу 10 насто, сепак долговите на државата кон компаниите се главна опасност од нивен банкрот. Универзитетскиот професор Томе Неновски анализира:

„Може да сте најликвидното претпријатие, меѓутоа тоа сте на хартија, ако јас не ви платам, другиот не ви плати, и вие не може да платите и сте банкрот.“

На ова се спротивставува заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.

„Не можам да се сложам со констатацијата дека државата е во економски крах, посебно не во услови кога имате навремено исплатување на плати“, вели тој.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG