Достапни линкови

ИПА фондови за заеднички проекти Македонија - Грција


Министерот за локална самоуправа Муса Џафери денеска во Битола го отвори информативниот форум организиран во рамките на првиот јавен повик за проекти меѓу Македонија и Грција 2007-2013 година, финансирани од ИПА - Програмата на Европската унија за прекугранична соработка. Првиот повик за проектни предлози овозможува користење на околу 6,1 милиони евра кои ќе бидат наменети за проекти од областа на културата, заштитата на животната средина, локален економски развој, како и други проекти за развој на заедницата, рече министерот Џафери, додавајќи оти полза од овој проект имаат пограничните општини во двете држави.
Тој најави дека наскоро ќе почне реализација на посебни програми за прекугранична соработка со Албанија, Бугарија, Косово и Србија.
XS
SM
MD
LG