Достапни линкови

Инфлацијата во септември, зголемена


Индексот на трошоци на живот, кој е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во септември во Македонија се зголемил за два отсто во однос на истиот месец лани. Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека индексот на цени на мало во септември пораснал за 2,5 отсто на годишно ниво. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во септември изнесува 12.037 денари и е за 1,2 отсто повисока во споредба со претходниот месец.
XS
SM
MD
LG