Достапни линкови

Намален бројот на работниците во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во Македонија во август годинава во однос на истиот месец лани е намален за 1,9 проценти, а во првите осум месеци од годинава во однос на периодот јануари август 2009 година бележи намалување од 5,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во Македонија во август 2010 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година е намален за 15,4 отсто.
XS
SM
MD
LG