Достапни линкови

Неимплементирана стратегијата на Ромите


Декадата на Ромите не ги исполни очекувањата на оваа заедница за подобрување на нивниот живот.

Државата нема слух за проблемите на Ромите, се жалат припадниците на оваа етничка заедница. И пет години од спроведувањето на Декадата на Ромите, проблемите остануваат исти. Многу кажуваат, а малку исполнуваат, реагираат од ромската невладина организација ДАЈА.

,,Пет години ни отидоа така, зборувајќи и правејќи документи, а ни останаа уште пет години. Очекувавме многу повеќе, но многу малку е направено." изјави претседателката на ДАЈА, Дилбера Камберовска.

Пет години ни отидоа така, зборувајќи и правејќи документи, а ни останаа уште пет години ...



Од четирите области на кои се темели декадата на Ромите, напредок има само во образованието, посочува Мухамед Точи од невладината Месечина.

,,Оној резултат којшто можеме сите ние да го забележиме е во делот на образованието. Ова не значи дека постои огромно задоволство во делот на образованието и спроведувањето на декадата во таа област, меѓутоа е добар почеток и има покажано резултати дека тие политики што се креираат покажуваат и има резултат."


уште дека и меѓународната заедница ќе мора да ја финансира декадата и нејзината имплементација. Со оваа економска криза итн., не ќе можеме сами како Влада успешно да направиме силни чекори во имплементација на акционите планови на деката и стратегијата."

изјави Неждет Мустафа, министер без ресор, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За спроведувањето на Декадата и Стратегијата за Ромите во буџетот предвидени се 25 934 000 денари.

Од ромската населба „Три Багреми“ во Прилеп

Послаби ефекти има во однос на вработувањето, здравството и домувањето на Ромите. И во 21 век, Ромите се уште живеат во мизерни услови, а бидејќи во делот на здравството не е направено скоро ништо, се појавуваат епидемии кои можат да предизвикаат сериозни последици, вели Точи.

,,Во делот на здравството во текот на 2010 година има одвоено само 300 илјади денари, тоа е пет илјади евра, да можете да решите било каков проблем на една етничка заедница со пет илјади евра на годишно ниво поделба, тоа е невозможно."

Надлежните признаваат дека стратегијата декада на Ромите е преобемна и дека без финансиска помош од надвор, не ќе може да се имплементираат предвидените акциони планови.



,,Јас навистина сум многу надежен дека се уште и Меѓународната заедница ќе мора да ја финансира декадата и нејзината имплеметација. Од друга страна, поради оваа економска криза и така натаму, не ќе можеме сами како Влада успешно да направиме силни чекори во имплементација на стратегијата“. изјави Министерот без ресор Неждет Мустафа во интервју за Радио Слободна Еввропа. За спроведувањето на овие проекти, во Буџетот предвидени се 25 934 000 денари.


Репортажа: Образование во субстандарни услови

Образование во супстандардни услови
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG