Достапни линкови

Претседателот на Еквадор изјави дека полицајците сакале да го убијат


Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа ги обвини бунтовничките полицајци, кои го држеа опколен во болница, дека сакале да го убијат. Кореа беше ослободен од војската откако неколку часа беше блокиран во болницата од полицајците кои протестираа против законот со кој се кратат нивните бенефиции. Во обраќањето до неговите приврзаници пред претседателската палата, Кореа изјави дека некои полициски офицери и други личности се обиделе да извршат државен удар. Црвениот Крст во Еквадор соопшти дека во претсрелката меѓу полицајците кои протестираа и силите лојални на претседателот, две лица загинале, а 27 биле повредени.
XS
SM
MD
LG