Достапни линкови

logo-print

Расмусен во посета на Грузија


Генералниот секретар на НАТО алијансата, Андрес Фог Расмусен денеска ќе престојува во официјална посета на Грузија, каде ќе се сретне со претседателот на земјата, Михаил Сакашвили и други членови на власта. НАТО соопшти дека целта на посетата е и отварањето на канцеларија на алијансата во главниот град Тбилиси. Во април 2008 година земјите-членки на НАТО се договорија да соработуваат со Грузија во остварувањето на демократските, институционалните и безбедносните реформи со цел да и помогнат во нејзината подготовка за влез во алијансата.
XS
SM
MD
LG