Достапни линкови

Најголемите нафтени компании ја прекинаа соработката со Иран


Соединетите Американски Држави соопштија дека најголемите светски нафтени компании се сложиле да ги прекинат нивните бизнис врски со Иран за да ги избегнат санкциите, а меѓу нив се француската компанија Тотал, норвешката Статоил, како и италијанската ЕНИ и Ројал Дач Шел. САД реши да спроведе санкции врз енергетските фирми со цел да го изолира Иран и да се предизвика притисок врз земјата да прекине со нејзината нуклеарна програма. Заменикот на државниот секретар, Џејмс Стајнберг изјави дека и други големи компании се под истрага и можат да се соочат со последици доколку не ја престанат соработката со исламската република.
XS
SM
MD
LG