Достапни линкови

Србија ќе го укине задолжителното служење војска


Српската влада соопшти дека од почетокот на наредната година на отслужување на воениот рок ќе заминуваат само оние кои имаат таква желба. Задолжителното служење на воениот рок ќе заврши со отслужувањето на последната класа војници, кои заминале во војска годинава, а ваквата одлука се однесува и на регрутите, кои ја замениле воената обврска со цивилна служба.
XS
SM
MD
LG