Достапни линкови

Тачи - Го олеснуваме патот на Србија до признавање на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека косовските власти нема да се откажат од преговори со Србија, истакнувајќи дека со тоа ќе му се помогне на Косово на патот кон ЕУ и НАТО.
Тачи рече дека дијалогот „ќе и го олесни патот на Србија до признавање на Косово“.
Претседателот на косовското Собрание, и в.д. претседател на Косово, Јакуп Красниќи изјави дека за шест месеци може да бидат одржани парламентарни избори на Косово. Според него, не треба да се влегува во преговори со Србија додека не биде конституиран новиот состав на косовските институции.
XS
SM
MD
LG