Достапни линкови

Деактивирани бомби во Ставропол


Руските безбедносни сили деактивираа две бомби во градот Ставропол на југот на земјата. Во соопштението од антитерористичките власти се наведува дека едната бомба била најдена закачена за телото на мртовец во автомобил, паркиран во близина на едно кафуле. Во близина е пронајдена друга експлозивна направа покриена со куп ѓубре.
Градот Ставропол е на границата со немирниот кавкаски регион.

XS
SM
MD
LG