Достапни линкови

Мичел со интензивни средби за спас на блискоисточниот мировен процес


Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел денеска се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во обид да го спаси блискоисточниот мировен процес.
Абас претходно се закани дека ќе ги напушти преговорите ако Израел не забрани градење во доселеничките населби на Западниот Брег.
Се очекува, Мичел денеска повторно да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако разговараше со него и вчера.
XS
SM
MD
LG