Достапни линкови

Девизните резерви зголемени за 120 милиони евра


Македонските девизни резерви се зголемиле за 120 милиони евра од почетокот на годинава. Сега девизните резерви изнесуваат 1,7 милијарди евра, соопштува Советот на Народната банка на Македонија.
Во соопштението од седницата на Советот се наведува дека ова е резултат на значителното намалување на дефицитот на тековната сметка, што е последица од намалувањето на трговскиот дефицит и порастот на тековните трансфери.
XS
SM
MD
LG