Достапни линкови

Трибина за атентатот на Глигоров


Поранешниот македонски претседател, Киро Глигоров

Поранешниот македонски претседател, Киро Глигоров

Кои се криминално политичките мотиви за обидот за атентат врз Претседателот Глигоров? Трибина 15 години - потоа.

Имавме чувство дека постои дефицит на информации и потреба од актуелизирање на проблемот за конечно расветлување на атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров ја појаснува Илија Николовски претседател на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Р Македонија причината за организирањето на трибината на тема „15 години од атентатот на претседателот Глигоров-мистерија или настан ад акта“ организирана во соработка со Форумот за безбедност. Трибината побара одговор и на прашањата дали постои поврзаност на атентатите на Балканот и дали намерно се дефокусира јавноста од конечно расветлување на настанот.
Мене на пример, еве тука е Љупчо Георгиевски многу ме интересира да ни објасни кој ги наговори нив, после заклучувањето на Времената спогодба да закажат голем митинг во Македонија за да се спречи ратификацијата на Времената спогодба
Генералната проценка за причините попради кои се случил атентатот учесниците на трибината го побараа во криминално-политичките мотиви но и тогашните обиди за рекомпонирање на политичката структура во земјата и создавање хаос во земјата. Многу прашања според Стојан Андов оттогаш остануваат неодговорени. Треба темелно да се проучи како се однесувале јавното обвинителство и судовите како и сите останатите релевантни институции но и политичките партии.

,,Мене на пример, еве тука е Љупчо Георгиевски многу ме интересира да ни објасни кој ги наговори нив, после заклучувањето на Времената спогодба да закажат голем митинг во Македонија за да се спречи ратификацијата на Времената спогодба. Да се види СДСМ како се ,,држела". Зошто СДСМ не притисна на темелна истрага?"

Вели Стојан Андов.
Потоа да се проучат и однесувањата на одредени интелектуалци, особено повиците за рекомпонирање на власта и намалувањето на ингеренциите на претседателот. Од тоа рекомпонирање на власта додава Андов, започнува владеењето без контрола во државата, постоењето на опозиција без опозиција и без внатрешна контрола мерѓу двете партии.

Aтентатот беше успешен!?

Атентатот беше успешен беше кажано на трибината бидејќи оттогаш Глигоров никогаш повеќе ја немаше истата моќ. Исто така тој треба да се доведе и во врска со сите актуелени случувања тие денови како што е промената на
Јас навистина сметам дека се работи за структури кои командата и наредбата ја примиле некаде од страна
симболот на македонското знаме, ратрификацијата на времената спогодба , и настаните што следуваат, примањето во неколу меѓународни организации, посочи поранешниот новинар Зоран Петров. Тогашниот лидер на опозицијата Љупчо Георгиевски не би сакал да верува дека нарачателот на атентатот се наоѓа меѓу домашните политичари, но верува дека ивршителите се од Македонија и се сеуште живи.

,,Јас навистина сметам дека се работи за структури кои командата и наредбата ја примиле некаде од страна. Меѓутоа тие структури се загрижувачки во Македонија затоа што очигледно дека не само што постоеле тогаш, туку тие постојат и ден денеска и тоа е проблем на македонската политика до ден денеска."

Дали со нерасчистувањето на овој случај ќе дозволиме недефинирани структури да ги контролираат или да ги насочуваат процесите во Република Македонија, праша Георгиевски, Оттука, заклучува, оваа тема е интересна зошто овие струкртури до ден денес ја имаат моќта во нашата држава.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG