Достапни линкови

logo-print

Груевски - Имам право да ги коментирам одлуките на Уставен


Ги спроведувам сите одлуки на Уставниот суд, но имам право да го кажам своето мислење за тоа, рече денеска премиерот Никола Груевски. Тој нагласи дека Владата овозможува максимално добри услови за Судот нормално да функционира и да одлучува, но оти како и секој граѓанин на Македoнија има право да го даде сопственото мислење за секого, вклучително и за работата и одлуките на Судот.

„Тоа е мое уставно загарантирано право за јавно искажување на мислата и слободата на говорот“, рече Груевски.

Ова тој го изјави во Собранието, одговарајќи и на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, која го критикуваше дека ја коментирал лустрацијата и работата на Уставниот суд.
XS
SM
MD
LG