Достапни линкови

Коњаноски во посета на Вашингтон


Министерот за одбрана Зоран Коњаноски идната недела ќе престојува во САД и во Канада каде што ќе има средби со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и со канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј.
Коњаноски очекува на средбите да се разговара за членството на Македонија во НАТО, пред Самитот на Алијансата што треба да се одржи во ноември годинава во Лисабон.
Коњановски ќе биде придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски.
Тие со Гејтс ќе се сретнат в понеделник во Вашингтон. За време на посетата на САД, Коњаноски треба да се сретне и со неколку сенатори и конгресмени, како и со претставници на Пентагон и на Белата куќа.
Делегацијата во среда ќе отпатува за Канада, каде што ќе се сретне со канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј.
XS
SM
MD
LG