Достапни линкови

logo-print

Министрите за финансии на ЕУ разговараат за долговите


Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ денеска се состануваат во Брисел да разговараат за зголемувањето на државните долгови.
Европската комисија вчера ги обелодени плановите да ги казнува државите-членки на Унијата кои не успеале правилно да управуваат со финансиите. Новите правила имаат за цел да спречат нова криза како онаа што речиси ја доведе Грција до банкрот и ја загрози стабилноста на еврото. Мерките предложени од Европската комисија треба да бидат одобрени од земјите-членки на Унијата и од Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG