Достапни линкови

Пасивно граѓанство


Наместо протести, граѓаните одбираат послушност
Наместо протести, граѓаните одбираат послушност

Поради страв во услови на голема економска криза, граѓаните наместо преку протести да се изборат за своите права, стануваат се попослушни.

Наместо преку протести до повеќе права, граѓаните одбираат да бидат послушни. Ваквата слика на пасивно граѓанство е поради секојдневниот страв оти ќе го загубат работното место и нема да можат да го прехранат семејството, објаснуваат упатените.
Кај вработените е голем стравот за опстанокот, затоа што неможат да најдат друго работно место, и страшно опасниот закон кој што се донесе давање на можности на работодавачите лесно да ги отпуштаат работниците без никаква можност за обесштетување


,,Кај вработените е голем стравот за опстанокот, затоа што неможат да најдат друго работно место, и страшно опасниот закон кој што се донесе давање на можности на работодавачите лесно да ги отпуштаат работниците без никаква можност за обесштетување."

изјави Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот на градежни работници
Македонија е предолго во исчекување на некакви промени, а луѓето се уморни од чекање, велат социолозите. Според професорот Илија Ацески проблемот кај граѓаните е тоа што социјалното незадоволство го изразуваат парцијално:

,,Значи, имаме една неконтролирана енергија која се исполнува, таа не се насочува, нема културна и социјална димензија за да може да биде насочена кон промени. Тоа е карактеристика на макеоднското општество последните 15-20 години."

од новинарското востание во Скопје
Граѓаните пак немаат доверба во синдикалните движења. Според нив и тие работат за свои лични интереси.

,,Некако ние станавме доста послушни. Нема младина, нема синдикат, невладини организации, така некако чекаме факторот време да го решава проблемот."
Кај македонските граѓани секогаш било присутно тоа дека е добро да се има лебче и сиренце, па другото, ако дојде, дојде

,,Досега не се покажало дека нешто можат."

За професорот Ѓорги Тоновски од Факултетот за општествени науки, социјалната летаргија е резултат на традиционалниот менталитет, но и стравот кој влече корени од минатото.

,,Најсликовито се изразува во поговорката ,,свиткана глава, јатаган не ја сече" тоа влегло длабоко во свеста на овој народ и знаете дека реакциите се секогаш, гледај си ја работата, не се мешај во тие работи. Кај македонските граѓани секогаш било присутно тоа дека е добро да се има лебче и сиренце, па другото, ако дојде, дојде."

Експертите посочуваат дека недостигот од колективно здружување и правилното насочување на енергијата предизвикува негативни последици. Во таков случај велат тие, незадоволството може да предизвика нездрави односи во работните организации и семејствата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG