Достапни линкови

Двојно намален приносот на опиум во Авганистан


Приносот на опиум во Авганистан е двојно намелен во однос на минатата година поради болест на афионот, се наведува во извештајот на ОН. Авганистан произведува 90 отсто од опиумот во светот. Во извештајот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН се наведува дека и покрај двојно намалениот род, површините засадени со афион остануваат исти.
Афионот најмногу се произведува во јужните и во западните провинции во Авганистан. Се претпоставува дека Талибанците во најголем дел се финансираат од парите од продажба на опиум од кој потоа се произведува хероин.
XS
SM
MD
LG