Достапни линкови

Пакистан блокира рута за набавки на НАТО кон Авганистан


Пакистан ја блокираше виталната рута за набавки на НАТО во Авганистан поради хеликоптерскиот напад на Алијансата во кој загинале тројца припадници на пакистанските безбедносни сили. Како што се јавува пакистанските власти го затвориле преминот Торкхам за камионите на Нато. Инцидентот инаку се случил во пограничната област кај реонот Курнам. НАТО соопшти дека започна истрага за нападот за кој сметаат дека се случил од авганистанската страна на границата.
XS
SM
MD
LG