Достапни линкови

logo-print

Истекува рокот за увоз на употребувани возила Еуро 1


Денеска истекува рокот за увоз на употребувани возила кои исполнуваат стандард Еуро 1. Од почетокот на годинава увезени се над 40.000 возила, што е за 20 пати повеќе од минатата година. .
По истекот на рокот возилата со странски регистарски таблички ќе може да ги користат сопственици шест месеци кумулативно во една година на територијата на државата. По ова корисникот добива можност во одреден рок да го царини или да го врати назад возилото.
Доколку не постапи по таквото решение може да дојде до привремено одземање на возилото. Предвидената санкција за користење на возилото повеќе од дозволените шест месеци е 100 евра, а доколку се платат веднаш казната изнесува 50 евра.
XS
SM
MD
LG