Достапни линкови

logo-print

САД предлага построги мерки за увоз од Кина


Американските власти предложија закони со кои се предвидуваат нови рестрикции за увозот од Кина. Се очекува дека ваквиот потег ќе ги зголеми тензиите меѓу САД и Кина поради осетливоста на прашањето за кинескиот извоз. Кинеските власти веќе реагираа, соопштувајки дека потегот на Америка е во спротивност на правилата на Светската трговска организација. Соединетите држави и Европската унија веќе подолг период ги обвинуваат кинеските власти за држење на вештачки низок курс на валутата јен, се` со цел стимулирање на извозот од земјата.
XS
SM
MD
LG