Достапни линкови

logo-print

Нови напори за одржување на израелско-палестинските мировни разговори


Продолжуваат напорите на меѓународната заедница за стимулирањее на мировните разговори меѓу палестинците и израелците. Палестинците се заканија дека ќе ги напуштат преговортите по израелската одлука да не даде ново одложување на изградбата на населба на Западниот брег. Нема информации за напредок во преговорите ни по средбата меѓу специјалниот пратеник на САД за блискиот исток Џорџ Мичел и изралексиот премиер Бењаним Нетанјаху, која се одржа вчера во Ерусалим. Мичел утре би требало да се сретне со шефот на палестинските власти Махмуд Абас во градот Рамала. Кон разговорите ќе се приклучи и шефот за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон.

XS
SM
MD
LG