Достапни линкови

Ердоган против забраната за носење шамија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека законот со кој на жените им е забрането да носат муслимански шамии на универзитетите е против религиозните слободи.
Ердоган рече дека „нема смисла од толкаво мешање во религиозните слободи и во образованието“.
Турскиот Уставен суд во 2008 година не дозволи, владејачката партија да ја укине забраната.
Жените во Турција не смеаат да носат муслимански шамии на државните универзитети. Тоа не им е дозволено ни на жените вработени во јавната администрација.
XS
SM
MD
LG