Достапни линкови

Косово гарантира безнедност на востоличувањето на Иринеј


Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека ќе им биде загарантирана безбедноста на официјалните претставници од Србија, кои ќе присуствуваат на востоличувањето на патријархот на Српската православна црква Иринеј. Кучи, сепак нагласи дека тој религиозен собир не треба да се злоупотребува за политичка кампања.
Се очекува, на востоличувањето на Иринеј во Пеќ во недела да присуствуваат повеќе од 10 илјади граѓани, меѓу кои и 400 високи официјални претставници и високите претставници на православните цркви и останатите религиозни заедници.
За безбедноста на сите официјални лица и граѓаните ќе одговараат силите на КФОР, мисијата ЕУЛЕКС и косовската полиција.
XS
SM
MD
LG