Достапни линкови

Уставниот суд ги укина полициските пензии


Уставниот суд ја укина одредебата за пензионирање на полицајците со навршени 40 години работен стаж.

Полицискиот синдикат е непријатно изненаден од донесената одлука на Уставниот Суд за укинување на два члена од законот за внатрешни работи. Претседателот на синдикатот Тихомир Климоски вели дека не е испочитувана процедурата.

„Навистина сме крајно непријатно изненадени од начинот на дистрибуирање на одлуките на Уставниот суд. Станува збор за еден непримерен начин што отстапува од стандардните норми и од со закон утврдената процедура. Таква одлука може да се донесе после
Навистина сме крајно непријатно изненадени од начинот на дистрибуирање на одлуките на Уставниот суд. Станува збор за еден непримерен начин што отстапува од стандардните норми и од со закон утврдената процедура. Таква одлука може да се донесе после одржана расправа
одржана расправа.“

Климоски додава дека не може да разбере како е донесена одлука без да биде присутен претставник на министертвото или на синдикатот.

„Ниту пак синдикакот како заинтересирана страна, не беше повикан на расправа и затоа навистина е чудно како воопшто се донела одлука. Сето ова не наведува на помисла дека одлуката е донесена само да се дефокусира јавноста од она што во моментов се случува околу Уставниот суд.“

Уставен суд

Во Уставниот Суд велат дека за проверка на уставноста на овој закон била покрената постапка на 30 јуни по иницијатива на неколку граѓани од Скопје и Битола. На денешната седница Уставниот суд укина одредби кои се однесуваат на пензинирањето на вработените луѓе во Министерството за внатрешни работи кои имаа посебни овластувања. Укинати се членови кои предвидуваат службеници да добијат пензија во вредност од 80 проценти од просек изваден од 10 најповолни години од нивниот стаж и да заминат во пензија со 40 години работен стаж без оглед на старосна возраст како критериум и при пензионирање да добијат еднократен надометок од 5 просечни нето-плати.

Од Уставниот Суд велат дека ги укинале овие одредби затоа што со овие одредби се создава нееднаков третманна вработените, односно не треба овие лица со посебни овастувања да бидат попривилигирани од останатите вработени во МВР, АРМ, Министертво за правда и вработените во казнени поправните институции. Одлуката за укинување на овие членови ќе стапи на сила за 8 дена по објавувањето во Службен Весник.

Полицискиот синдикат наскоро ќе заседава по официјалното објавување на одлуката на Уставниот суд и тогаш ќе реагираат какви мерки и активности ќе преземе.

Во Министертвото за внатрешни работи велат дека им останува да ја почитуваат одлуката откако таа ќе стапи во сила.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG