Достапни линкови

logo-print

Уставен укина одредби за пензионирање на полицијата


Уставниот суд денеска укина два члена од законот за внатрешни работи. Укинатите одредби се однесуваат на пензинирањето на вработените со посебни овластувања во Министерството за внатрешни работи. Укинати се членовите кои предвдуваат службениците да добијат пензија во вредност од 80 проценти од просек изваден од 10 најповолни години од нивниот стаж. Беше предвидено и да одат во пензија со 40 години стаж, без оглед на годините на старост. Укинат е и членот кој предвидуваше при пензионирање да добијат еднократен надоместок од 5 просечни нето плати.
Во Уставниот суд велат дека ги укинале овие одредби затоa што не може овие лица со посебни овастувања да бидат попривилгирани од останатите во АРМ, Министерството за правда и вработените во казненo-поправните институции.
Македонскиот полициски синдикат соопшти дека е непријатно изненаден од укинувањето на овие одредби.
XS
SM
MD
LG