Достапни линкови

Турција - ЕУ нѐ дискриминира


Европската унија нема ист третман кон Турција и другите земји-кандидатки за членство, изјави турскиот министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Егемен Багаш.
Тој се пожали дека ЕУ има двојни аршини и рече дека тие не бараат предност, но не сакаат дополнителни препреки во споредба со останатите земји-кандидатки.
Багаш вели дека во споредба со некои земји кои добија визна либерализација, Турција многу повеќе ги исполнува критериумите, а сепак за неа има визи за влез во ЕУ.
Повеќе земји од ЕУ, меѓу кои Германија, Франција и Австрија се против влезот на Турција во ЕУ.
XS
SM
MD
LG