Достапни линкови

Наумовски: Грција плаќа тинк-тенкови да ја притискаат Македонија


Најголемиот дел од предлозите кои имаат за цел да ја принудат Македонија да прифати некакво решение за спорот за името со Грција кое не е во наша корист, доаѓаат од најразлични меѓународни, невладини или пак регионални организации кои се политички и финансиски поддржани од другата страна во спорот. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, коментирајќи го извештајот на Центарот за стратегиски и меѓународни студии од Вашингтон за решавање на грчко-македонскиот спор за името.
Тој посочи дека Македонија е целосно посвестенa на изнаоѓање решение кое нема да нанесе штета на македонските национални интереси.
Центарот за стратегиски и меѓународни студии, за решавање на спорот за името сугерирара Макеоднија да прифати додавка „Северна“ или „Вардарска“, име кое би се користело во сите меѓународни организации и билатералните односи. Грција за возврат би прифатила именување на националниот идентитет и јазик како „славомакедонски“.
Изготвувавањето на оваа анализа било спонзорирано од Лаврентис Лаврентијадис, грчки банкар и медиумски магнат.
XS
SM
MD
LG