Достапни линкови

Државата во погрешна насока


Скопје
Скопје

Економската криза и неуспешните евро интеграции причина за намалениот оптимизам на македонските граѓани.

Најновите истражувања на Меѓународниот републикански институт покажаа дека 19 отсто од испитаниците сметаат дека одиме во вистински правец, а 43 се изјасниле дека Македонија се движи во погрешна насока. Во споредба со анкетата на ИРИ на вакви заклучоци упатуваат и одговорите што може да се слушнат и во непосредната комуникација:
Мислам од финансиска гледна точка и од гледна точка на европските интеграции, не се движи
ништо.


„Не се движи, има многу невработени 33 отсто, можеби и повеќе.“

„Мислам од финансиска гледна точка и од гледна точка на европските интеграции, не се движи ништо.“

„Се движи во вистинска насока. Најмногу ми е за името и економската состоја не е сјајна, ама се надеваме на подобро.“


Се намалува нивото на демократијата, се влошува стандардот на граѓаните, земјата е подалеку од ЕУ и НАТО, сметаат во СДСМ. На вакви заклучоци упатуваат резултатите од најновото истражување на ИРИ, коментира Андреј Петров од СДСМ.

„Ова е едно ниво на отпор кон случувањата кое можеби е највисоко во последните десетина години каде што луѓето практично сметаат
Заглавеноста на државата, катастрофалната економска ситуација, укажува дека граѓаните се незадоволни од
власта.
дека државата оди во погрешна насока. Заглавеноста на државата, катастрофалната економска ситуација, укажува дека граѓаните се незадоволни од власта.“

Политиката на Груевски подобро поминува кај Македонците, но ниско котира кај Албанците. Во Нова Демократија сметаат дека владата не може да се справи со спорот околу името:

„Политиките што се креираат, не се оние реалните што би требале да бидат, во однос на прашањето затоа што побрзо зачленување на Македонија во евроатлантските структури. Оваа Влада нема доволен капацитет во однос на решавање на спорот за името“, изјави Флора Кадриу.

Во анкетата на ИРИ, 59 проценти сметаат дека владата не може да се спрви со економската криза, а 39 проценти од анкетираните рекле оти премиерот заслужува реизбор. Во владечката ВМРО-ДПМНЕ засега не ги комнираат најновите резултати.

Дали во Македонија има вистинска сиромаштија или луѓето неосновано се жалат. Коментирајте во нашиот Хајд Парк.

Хајд Парк - Вистинска или лажна сиромаштија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG