Достапни линкови

logo-print

Македонија не е на агендата на Клинтон


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американската амбасада ја потврдува веста дека Клинтон нема да ја посети Македонија за време на балканската турнеја.

Веста за балканската турнеја беше обзнанета уште во текот на Генералното собрание на ООН во Њујорк, а како можни нејзини дестинации тогаш беа најавени Белград и Сараево. Американската амбасада во Скопје ја потврдува веста дека Хилари Клинтон нема да ја посети Македонија. Ова не е првпат земјава да биде изоставена од агендата на релевантни високи претставници на американската
Мислам дека ни праќаат две пораки, едната е дека со тоа што не го решаваме прашањето за името се изолираме себе си, а второ, реално нема што ново да ни кажат. Ние си стоиме на нашите позиции, тие на нивните, ние сме на
потег.
администрација и на меѓународната заедница воопшто, коментираат дел од македонските експерти, а причините за тоа може да се гледаат од неколку аспекти.

„Мислам дека ни праќаат две пораки, едната е дека со тоа што не го решаваме прашањето за името се изолираме себе си, а второ, реално нема што ново да ни кажат. Ние си стоиме на нашите позиции, тие на нивните, ние сме на потег“, вели политикологот Петар Арсовски.


Ова се случува и при билатерални сосотаноци и други средби, додава аналитичарот Алберт Муслиу, се повеќе, пред се веројатно поради изгубеното трпение што се однесува до континуираните ангажмани и препораки во последно време на кои Македонија не одговара адекватно.

„Прво мислам дека веќе губат трепение и препораки што јасно ни ги ставаат до знаење, ние многу тешко ги реализираме. Значи, дипломатските, билатерални односи се односи во два правци, не се односи во кој само вие нешто барате, па ќе ви помогнат, туку треба да станете дел од целокупната стратегија за односот кон вас биде поинаков.“
Прво мислам дека веќе губат
трепение.


Со ова не значи дека американскиот интерес за Македонија се намалува, додава Арсовски, но нивната моќ во поглед на разрешување на прашањето за името кое што блокира е ограничена, а сето останато се очекува од демократски избраната власт во земјата. Белград најверојатно ќе се најде на агендата на Клинтон поради сериозната евроатлантска агенда на која е ставена Србија, а тука може да бидат уште и Босна и Косово, прогнозираат експертите.
XS
SM
MD
LG