Достапни линкови

Истекува рокот за увоз на стари возила


Утре истекува рокот за увоз на стари возила со стандард Еуро 1. По истекот на рокот, сопствениците ќе може да ги возат колите со странски регистaрски таблички во Македонија вкупно шест месеци во една година. По ова може во одреден рок да го царинат или да го вратат автомобилот во странство.
Ако не ја испочитуваат одлуката, возилото може да им биде привремено одземено. Казната за користење на возилото повеќе од 6 месеци во земјава е 100 евра. Ако се плати веднаш, казната е 50 евра.
Од почетокот на годината се увезени повеќе од 40.000 возила, што е за 20 пати повеќе од минатата година. Увозот на возила со Еуро1 стандард беше дозволен од март годинава.
XS
SM
MD
LG