Достапни линкови

Чекор напред во слободното информирање


Претседателот на Бордот на гувернери на американскиот броадкастинг Валтер Исаксон

Претседателот на Бордот на гувернери на американскиот броадкастинг Валтер Исаксон

Денешните предизвици во новата глобална борба против репресијата и нетолеранцијата се исто така големи како што беа и за време на Студената војна. Ова беше истакнато на приемот во Вашингтон по повод Шеесетгодишнината од првото емитување на Радио Слободна Европа.

Претседателот на Бордот на гувернери на американскиот броадкастинг Валтер Исаксон синоќа објави нова насока на американското емитување кон странство.

Тоа, како што рече, ќе се потпира врз најновите медиумски алатки и технологија за да остане еден чекор понапред од оние што сакаат да ја задушат слободата на иформирање во целиот свет.


Бордот на гувренери ја надгледува работата на Радио Слободна Европа, Гласот на Америка, Радио Слободна Азија, Радио телевизија Марти, Радио Сава и телевизија Алура кои неделно имаат публика од над 170 милиони луѓе.

И како што основачите на Радио Слободна Европа успеале во развијат креативни и иновативни начини, луѓето зад Железната завеса да добиваат вести и информации, исто така и денес американските радиодифузери мора на нови и иновативни начини да одговорат на современите закани по слободата.

„Предизвиците со кои се соочуваме во новата глобална борба против репресијата и нетолеранцијата денес се исто така големи како што беа и во текот на Студената војна,, рече Исаксон на приемот по повод одбележувањето на 60-годишнината од првото емитување на Радио Слободна Европа.

„И како што основачите на Радио Слободна Европа успеале да развијат креативни и иновативни начини, луѓето зад Железната завеса да добиваат вести и информации, исто така и денес американските радиодифузери мора на нови и иновативни начини да одговорат на современите закани по слободата“, изјави Исаксон.

Во говорот во Вашингтон, тој додаде дека Америка не може да си дозволи да остане настрана од своите непријатели.

„Нашата традиционална улога на доставување на вести треба да биде со нов пристап што го катализираат социјалните мрежи“, изјави Исаксон, додавајќи дека со создавањето на поврзани глобални заедници им се помага на луѓето во гарантирањето на универзалното човеково право за слободен протек на информации.

Синоќешниот прием беше во чест на шесте децении на Радио Слободна Европа. Имено, на 4 јули 1950 година за прв пат Радио Слободна Европа отиде во етерот со емисија наменета за тогашната комунистичка Чехословачка. Емитувањето беше од студиото во Импајар Стејт Билдинг во Њујорк.

Џефри Гедмин, претседател на РСЕ


Денес РСЕ емитува на 28 јазици во 21 држава во Европа и Блискиот Исток. Во Авганистан, Радио Азади во рамките на РСЕ е најпопуларна медиумска куќа во земјата. Во Иран, страницата на Радио Фарда на Фејсбук има повеќе од 50 илјади фанови.

„Ние и понатаму сме спас за луѓето кои живеат во воените зони и под авторитарно владеење и кои бараат точни и веродостојни вести“, изјави претседателот на Слободна Европа Џефри Гедмин на синоќешниот прием во Вашингтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG