Достапни линкови

Грчките камионџии ги продолжуваат протестите


Синдикалните лидери на превозниците во Грција синоќа решија да ги продолжат протестите кои веќе трета недела го блокираат сообраќајот низ земјата. Синдикатите не соопштија под каква форма ќе продолжи штрајкот против законот за либерализација на товарните превози. Владата на премиерот Јоргос Папандреу потоа објави дека периодот на толеранција завршил и оти државата ќе ги преземе сите механизми со кои располага за да го нормализира снабдувањето на пазарот.
XS
SM
MD
LG