Достапни линкови

Милошоски: Црвените линии се и црвен картон за компромис


„Грчката дипломатија многу повеќе е фокусирана врз таканаречената игра на обвинување во спорот со името, отколку на содржинските поместувања во нивната позиција и одбегнувања на фразите на црвени линии кои, според мене, се и црвен картон за каков било компромис.“

Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во интервју за Гласот на Америка. Тој смета дека спорот нема да биде решен се додека вниманието не се пренасочи од тоа кој е виновен за тоа што нема решение, на самото решавање. Милошоски наведе дека на традиционалната Трансатлантска вечера во Њујорк, чиј домаќин беше државната секретарка Хилари Клинтон, апелирал на поголемо внимание од американската администрација и од европските земји, бидејќи Македонија е мала земја и самата не може да ја убеди Грција во прагматично однесување за одреден компромис.
XS
SM
MD
LG