Достапни линкови

Работнички протести во Брисел и Шпанија


Синдикатите денеска ги повикаа работниците на протестен марш пред институциите на Европската унија во Брисел, како и на генерален штрајк во Шпанија против строгите мерки за штедење. Маршот во Брисел коинцидира со најавените предлози на Европската комисија за казнување на членките кои ќе го надминат договорениот дефицит. Синдикатите страхуваат дека во тој случај најмногу ќе бидат погодени работниците, а не и банкарите. Во Шпанија пак, генералниот штрајк е против најавните буџетски кратења.
XS
SM
MD
LG