Достапни линкови

Уапсен Бранимир Главаш


Осудениот за воени злосторства Бранимир Главаш вчера е уапсен во село Дриновци во Босна и Херцеговина, каде што побегна минатата година за да ја избегне затворската казна за повеќе извршени злосторства над српски цивили во Хрватска. Хрватската државна телевизија синоќа објави дека босанската полиција го притворила Главаш откако Врховниот суд на БиХ ја потврдил правосилната пресуда на хрватскиот Врховен суд. Главаш е осуден на осум години затвор поради воени злосторства- апсења, физички малтретирања и убиства на српски цивили во Осиек во текот на 1991 и 1992 година. Апсењето на Главаш го потврди и неговиот адвокат Анте Мадуниќ, кој најави жалби на одлуката за притворање и на изречената казна.
XS
SM
MD
LG