Достапни линкови

logo-print

Ќе се гласа за доверба на владата на Берлускони


Италијанскиот парламент денеска ќе гласа за доверба на владата на Силвио Берлускони. Агенциите јавија дека премиерот оваа одлука ја донесол за да утврди дали има доволно мнозинство за извршување на мандатот до 2013 година, по разидувањето со еден од коалициските партнери Џанфранко Фини, претседател на пратеничкиот дом. Фини предводи група од 34 пратеници и 10 сенатори, па Берлускони остана без апсолутно мнозинство во парламентот.
XS
SM
MD
LG