Достапни линкови

logo-print

Во Холандија постигнат договор за нова влада


Лидерите на десните партии во Холандија постигнаа договор кој ќе овозможи формирање на малцинска влада, што би требало да ја прекине блокадата на власта која трае од парламентарните избори одржани пред три и пол месеци. Лидерот на либералната Народна партија Марк Руте изјави дека постигнал договор со Христијанско- демократската алијанса и со исламофобната десничарска Партија на слободата на Герт Вилдерс, која ќе ја поддржи малцинската влада, но нема да има претставници во кабинетот. Заедно овие партии имаат 76 мандати во 150- члениот парламент.
XS
SM
MD
LG